![]() |
|
![]() |
|
|
Компјутерско решениеКомпјутерско составување на крстозборки? Да, тоа не е лоша идеја. Речиси сите крстозборки кои ги гледаме низ енигматските списанија се составени од луѓе. На оваа страница можете да видите како тоа ефикасно може да се направи со компјутерска програма. Со развитокот на компјутерската техника компјутерите добиваат се поголема моќ, а за таа цел се појавуваат и програми кои ефикасно ја користат за да ја заменат човечката работа во многу области како и во енигматиката. Со креирање на доволно опширна програма лесно може да се замени дури и креативноста на луѓето, а опсегот на зборови кои се применуваат при составувањето може лесно да го намине човечкиот капацитет. Еве како со мојата компјутерска програма може да се составуваат крстозбори:
Откако ќе заврши пополнувањето на формуларот останатото е работа на компјутерот.
За таа цел можете да го скриете составувачот од вашата desktop површина во т.н. system tray.
Откако ќе биде составена крстозборката програмот бара описи (прашања). Резултатот во финална форма го добивате во вашиот Microsoft Word едитор. Кои се позитивните страни на овој начин на составување? Замената на човековата работна сила е првата позитивна страна. Крстозборите се составуваат наполно автоматски со што се штеди на време. Бирањето на зборовите е од претходно рачно внесена и добро проверена база на податоци. Така, зборовите кои се користат не се тешки со што се добива на квалитет, а воедно се избегнуваат појавите на делови од крстозборката кои не можете да ги решите бидејќи првпат слушате за некој кинески писател или некоја река во Замбија. Тоа често се случува со рачно изработените крстозбори каде некогаш авторот е приморан да вметне тежок збор за да ја состави крстозборката правилно. Исто така откако ќе биде составен крстозборот прашањата (описите) се читаат автоматски од базата така да не е потребно губење време за листање на речници. Дизајнот, припремата на финалниот резултат исто така е автоматски со што се добива на време. Единствено ваша задача е да ја отпечатите. Покрај сите овие олеснување единствено нешто може да се забележи е тоа што времето на составување директно зависи од брзината на компјутерот така да е потребно доволно брз компјутер. Во општ случај потребното време тешко може да се предвиди бидејќи процесот е комплициран и не секоја крстозборка се завршува за исто време.
|
|
© 2001-2007 - Енигматика Македонија, Web Design - 8666
Енигматика Македонија : Списанија : Видови крстозбори : Направи Сам : Компјутерско решение : Бесплатно списание |