Free Web Hosting | Web Hosting | Free Web Space | Web Hosting

 

 

КРСТОЗБОР СО
ВАШИОТ ЛИК !

Направете сами крстозборка

Дали досега некогаш сте се обиделе самите рачно да составите крстозборка?

Сигурно сте решиле многу крстозборки, но кога сте се обиделе да составите една сами не ви успеало (или не било боопшто лесна работа). Навистина за искусните составувачи тоа не изгледа така сложено, но за да се состави крстозборката потребно е да имате голем фонд на зборови во главата. Истo така потребно ви е да знаете неколку основни трикови кои ќе ви овозможат да избегнете да се најдете во ситуација во кога ќе „заглавите“ со составувањето.

Може да се најдете во ситуација кога поправањето на лошите делови (нивното бришење) од крстозборот е повеќе од половина од вашата дотогашна работа.

Се започнува од празен лист на кој ќе ја исцртате мрежата. Штрафирате површина за слика (ако сакате да ја има) во некое од ќошињата и бирате збор, по можност подолг со кој ќе го пополните најгорниот ред од крстозборот. Ако зборот не е доволно долг за да го пополни целиот ред исцрнето го квадратчето кое се наоѓа десно од зборот. Немојте да ги зацрнувате многу бидејќи можеби ќе треба да бришете. Потоа продолжете со пополнување хоризонтално или вертикално...

...се додека не ја пополните целата мрежа. Внимавајте да не претерате со црните полиња, бидејќи колку повеќе додавате толку квалитетот на вашата работа ќе биде послаб.

Откако ќе го завршите пополнувањето треба да најдете соодветен опис за секој збор кој се содржи. Неколку поголеми енциклопедии и лексикони ќе ви помогнат.

Ако ова ви изгледа комплицирано прочитајте го следниов извадок и продолжете на следниот дел насловен „Компјутерско решение“

„Почитувани читатели на Бла Бла, во овој број на Бла Бла ви презентираме крстозбори што се направени од самиот компјутер. За такво нешто потребно е да се направи посебна компјутерска програма, а тоа им успеа на три млади момчиња. Двајцата од нив Тони Рајковски и Владимир Јакимов се студенти на ПМФ, отсек информатика, додека првиот што го направи тоа е Влатко Бошкоски кој сега дебитира (бруцош) на Електро-Техничкиот факултет...