![]() |
![]() |
|
![]() |
|
|
Кој е првиот објавен крстозбор во светот?Артур Вајн работејќи на уредувањето на неделната забавна страница, за весникот New York World составил загатка која ја нарекол „Вкрстени зборови“. Оваа загатка се појавила во Божиќното издание во 1913 година,на 21 декември немајќи на ум дека со тоа ќе започне светска револуција. Забавната страна претходно се состоела од ребуси, анаграми и ликови кои се појавуваат со поврзување на точки. За ова издание тој решил да понуди нешто ново. Нацртал квадратна мрежа во форма на дијамант во која го внесол зборот FUN (Забава), како што и гласло името на забавната секција, и започнал да ја пополнува. Внесените зборови ги нумерирал и потоа одоздола напишал по една реченица за секој така да може решавачот да го одгатне решението. Како упатство за решавање стоело "пополнете ги квадратчињата со зборови кои ги задоволуваат следните дефиниции:" Овој вид на загатки станал веднаш многу популатен така да се пајавувале најразлични секоја недела. По експериментирањето со најразлични форми на крај се фокусирал на оние во форма на правоаголник. Најнакрај и името на загатката го добила финалното име Crossword (Крстозборка). Набрзо потоа во редакцијата пристигнувале многу крстозбори пратени од читателите.
И покрај нивната популарност, крстозборите се објавувале само во New York World. Дури во 1924 двајца свежо дипломирани студенти од Колумбиската школа за журнализам, Дик Симон и Линколн Шустер, се решиле да започнат бизнис со издаваштво. Како идеа им дoшло да создадат книга од дотогаш објавените крстозбори на New York World. Со таа книга крстозборите се здобиле со неверојатно слава и целиот свет станал свесен за нивното постоење.
|
|
© 2001-2005 - Енигматика Македонија, Web Design - 8666
Енигматика Македонија : Списанија : Видови крстозбори : Направи Сам : Компјутерско решение : Бесплатно списание |