Free Web Hosting | Web Hosting | Free Web Space | Web Hosting
Free webhosts Streetview photos

Free Articles - Web Business Articles

 

КРСТОЗБОР СО
ВАШИОТ ЛИК !

Вашиот хороскопски знак и енигматиката

 

Шансите да Овните станат добри решавачи на крстозбори е еднаква на нула. Тешко склопуваат повеќе зборови а и кога ќе ги склопат тешко да ги вклопат во предвидениот простор. Она што тие го работат слободно можеме да го наречеми џумбус. Најмногу се заинтересирани за скандинавките кои содржат „добри парчиња“, автомобили и реклами за протеините „Мистер Универзум“.
Познавањето на општатакултура им е слаба страна (освен ако прашањата не се поврзани со кулинарските специјалитети од било која локална кујна, одгледување живина, говеда или свињи или идиличниот селски амбиент), но затоа пак веднаш ја приметуваат цифрата која се нуди како награда.
Со оглед да се познати по својата „темелност“ тие радо решаваат две скандинавки паралилно пишувајќи со двете раце одеднаш, а особено ако некој ги посматра. Жонглирајќи со своите импровизирани измислени фрази, ќе ги пополнат сите празни полиња, а потоа веднаш ќе се пофалат кај оној кој ги набљудува.
Енигматските ревии им се омилена забава, а и не е чудно бидејќи постојано се дома. Радо решаваат крстозборки кога не спијат, јадат или пијат. Со оглед на нивната преокупираност поради нивната мрзеливост тие сепак наоѓаат време да пополнат по некое поле. Бидејќи се штедливи едно списание им трае и по два месеци.
Познати по својот неодолив авторитет и организациска способност, Лавот го собира "пленот" од своите соседи за да го решава неместо нив. Неговиот непресушен талент за зворовни кованици, ќе го натераат соседството на овации кога ќе ја добие наградата. За чудо тоа е секогаш за онаа крстозборка која сам ја решавал.
Девиците упорно и со голема брзина решаваат се она што е поврзано со медицината. Информирани се и за секоја крпа за прашина или средство за чистење. Најомилени им се неемотивни изрази како андроид, санта лед, коцка, аспирин, усисувач на прашина, склероза мултиплекс и сл. Најмногу сакаат досадни крстозборки од неталентирани автори.
Во нијансите на нивната бескрајна финост, Вагите многу пазливо ги избегнуваат некултурните и агресивни поими, асоцијации и синоними. Никогаш во животот нема да успеат да решат крстозборка до крај но тоа е поради одредени причини&нбсп;од кои не можат да го држат пенкалото: а) поради нежните раце; б) уредно маникираните нокти; в) поради гребењето по хартијата кое и создава нервоза.
Големиот мајстор за трикови и сплетки од сите видови би бил навистина одличен за оваа работа ако Господ бил помилостив, и го намалел кај него насилството, а го зголемел коефициентот на интелегенција. Се може да поднесе освен крстозборите кои што не сакаат да се решаваат самите исплашени од неговиот кобра-психопатски поглед. Обично не успева да реши многу бидејќи нервозно ќе го искине целото списание.
Енигматиката им е омилено хоби на Стрелците. Обожаваат да ги прешкртуваат поимите кои ги задал авторот и да внесуваат свои. Моментот на најголем занес го доживуваат кога ќе го напишат своето име во горниот лев агол на скандинавката каде што треба да стои името на авторот. Ќе го препознаете по карактерстичното 'ржење и удирање со копитата, најчесто по некој недолжен минувач.
Решавањето крстозбори им е омилен начин за заведување. Само немојте да дозволите да дојдат до најновиот број. Имено, најомилена страна им е онаа со решенијата од претходниот број така да кога ќе се сретнат со вас, тие ги решаваат крстозборите со импресивна брзина пред вашиот збунет поглед .
Тие немаат време за "обични и конзервативни работи", но ако наградата е комплет флуоросцентни фломастери, скулптура од стари неонски светилки или хартиена хаљина тогаш ќе присуствувате на редок, но сепак луциден настан на надмудрување на интелегенцијата од своето време а и сите останати времиња.
Рибите не можат да решаваат крстозбори иако нонстоп се обидуваат. После исцрпното проучување, откриено е дека тие тоа го прават за да можат да ја земат својата доза за да се осеќаат немоќни и разочарани поради недостапните решенија. Некој суден ден сепак ќе успеат во целта. Нивното духовно око тоа ќе го дозволи, бидејќи ќе медитираат долго над секој поим.